Околу 20.000 војници ќе го чуваат небото над Москва за празниците

Од:

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека околу 20.000 војници ќе го чуваат небото над Москва за новогодишните празници.

Меѓу нив, повеќе од 1.800 припадници на Првата армија за специјални намени на воздухопловните и вселенските сили за воздушна и противракетна одбрана ќе бидат на борбена задача на новогодишната ноќ, пренесува РИА Новости.

Првата армија за воздушна и ракетна одбрана ги извршува задачите за одбрана на Москва од воздушни напади и балистички ракети. Војниците ќе бидат распоредени во единици на противвоздушни ракетни сили, на радарски станици и командни пунктови.

Би можело да ве интересира

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Зеленски: 200.000 војници од ЕУ да се мировници на источниот фронт во Украина

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија