Околу 2.500 мигранти спасени во Средоземното Море

Од:

Околу 2.500 мигранти, кои се обидувале да го преминат Средоземното Море на пат кон Европа, се спасени од петокот, соопшти италијанската крајбрежна стража, јави ДПА.

Повеќето од нив се спасени во 18 одделни операции во петокот, а вкупно 2.550 лица веќе се безбедни.

Од организацијата “Лекари без граници” прецизираа дека доцна во петокот спасиле „гумен чамец со преплашени луѓе“.

Во спасувачките операции се вклучиле припадници на европската гранична служба Фронтекс и италијанската морнарица.

Од почетокот на годината 1.800 лица загинале во обид да го преминат Медитеранот, според Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто