Околу 100.000 лица од Северна Кореја работат во странство

Од:

Илјадници лица од Северна Кореја заминале на работа во странство, односно во Кина и Русија.

Луѓето се принудени напорно да работат во мизерни услови, за многу ниски плати.

Организацијата за човекови права „НК Воч“ со седиште во јужнокорејски Сеул, смета дека станува збор за околу 100.000 лица.

-Моментално во странство се ангажирани 20.000 северно корејски работници-вели специјалниот истражувач при ОН за Северна Кореја, Марзуки Дарусман.

Работникот кој што се претставува како Ким, веќе неколку години работи во Русија за мизерна плата.

-Моравме да работиме на температура и до минус 60 степени Целзиусови. Тоа беше екстремно напорно и за телото и за душата-вели тој за „Дојче веле“.

Според неговите зборови, работниците од Северна Кореја, немале ниту годишен одмор, а единствен слободен ден имале само за Нова година.

-Во таа фирма имаше повеќе од 2.000 работници од мојата држава. Во групата во која што бев јас бевме шестмина-додаде тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он