ОН ограничува можност за слободно движење на свои вработени во Јемен до расчистување на ситуацијата по убиството на германски службеник од Амбасадата во Сана. Тоа беше соопштено од Одделот за безбедност и заштита на ОН.
– Персоналот на ОН е должен да седи во своите домови. Излегувањето од градот и одењето по продавници е забрането. Ситуацијата е небезбедна и вработените треба да бидат многу внимателни, се вели во документот.
Неколку странски дипломатски мисии во Јемен ги известиле властите дека откажуваат средби вон амбасадите со иклучок на средби со државните лидери. Мерките за безбедност околу амбасадите, хотели и трговски центри се засилени по убиството во неделата на вработен во германската Амбасада во Сана.