Официјално потврдена доживотната пресуда на меѓународниот терорист Карлос Чакала

Од:

Француски суд ја отфрли последната можна жалба на меѓународниот терорист од 70-тите и 80-тите години на минатиот век Илич Рамирес Санчес, познат како Карлос Чакала, со што официјално е потврдена неговата доживотна казна затвор за четири напади во Франција пред околу 30 години.

Пресудата беше објавена на 26 јуни 2013 година од суд во Париз.

Карлос е осуден на доживотен затвор за извршување на четири бомбашки напади во Франција, во кој се убиени 11 лица, а околу 150 се повредени.

Во 1997 година тој е осуден на доживотна казна затвор за убиство на три лица, меѓу кои двајца полицајци, извршено во Париз во 1975 година.

Шеесет и четири годишниот терорист, кој е роден во Венецуела, веќе 20 години се наоѓа во француски затвор, откако е уапсен во Судан во август 1994 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци