Официјален Лондон ги поддржува воздушните напади врз позиции на ИД во Сирија

Од:

Британската влада ги подржува воздушните напади врз позициите на Исламска држава (ИД) во Сирија,изведени од воената авијација на САД и на пет други арапски земји од регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток,соопшти денеска Даунинг стрит 10.

Портпаролот на кабинетот на британскиот премиер,објасни дека Дејвид Камерон кој ќе присуствува на специјалниот самит на лидерите од светот,во ОН,во следните два дена,посветен на климатските промени,во Њујорк ќе разговара околу тоа како Велика Британија може повеќе да направи во борбата со заканата од припадниците на џихадистите од Исламска држава.

Во Лондон се инсистира дека Британија веќе учествува со „значителна воена поддршка“ во операциите против ИД,вклучувајќи го снабдувањето со оружје на Курдите,како и со набљудување и шпионирање на џихадистичките позиции,што го вршат ескадрили од авионите „Торнадо“ и други воени летала.

Британската опозициона Лабуристичка партија ги подржува акциите на САД и на арапските сојузници,но инсистираат дека ОН и Советот за безбедност треба да донесат резолуција за овие операции.

Даглас Александар кој е министер во лабуристичката влада во сенка,изјави дека ИД се закана не само за блискоисточниот регион,туку и за пошироката мешународна заедница,па затоа лабуристите ја разбираат и ја подржуваат операцијата во Ирак и Сирија.

 – Но,премиерот Камерон,како и американскиот претседател Барак Обама ќе бидат во ОН,што е добра можност да се подготви посебна резолуција за бомбардирање на позициите на ИД, рече Александар,поранешен министер за Европа во владата на Гордон Браун.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он