Одобрена ексхумација на телото на Арафат

Од:

Претседателот на Палестина, Махмуд Абас одобри во понеделникот ексхумација на посмртните остатоци на неговиот претходник, Јасер Арафат, со цел да се утврди дали тој бил отруен.

Одлуката е донесена откако еден швајцарски институт откри дека на облеката на Арафат, која што на анализа ја донела неговата сопруга, има траги на радиоактивниот елемент полониум.

Швајцарскиот институт соопшти дека сомнежите дали Арафат бил отруен не може да се потврдат или демантираат без да се анализираат и посмртните остатоци на Арафат.

Абас во понеделникот потпиша одобрение за ексхумација и ги повика швајцарските експерти да извршат аутопсија.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он