Одѕивот на локалните избори во Северна Кореја – 99,97 отсто

Од:

На денешните избори за органите на локалните власти во Северна Кореја, според податоците на Централна изборна комисија, гласале 99,97 проценти од запишаните избирачи, јави ТАСС.

Севернокорејските медиуми инфромнираа дека изборите минале успешно и овозмижиле „зацврстување на револуционерната власт во земјата“.

Во секоја изборна единици на гласачите на избор им беше понуден само по еден кандидат. По изборите ќе следи конституирање собранијата на окрузите, градовите и општините, кои потоа ќе ги изберат членовите на извршните комитети, судиите и другите носители на функции на локално ниво.

Освен изборот на локалните функционери, во надлежност на овие собранија е и усвојувањето на буџетите и на плановите за стопански развој, па од тие причини овие тела заседават само еднаш или двапати во текот на една година.

На претходните локални избори во Северна Кореја пред четири години, одѕивот исто така беше 99,97 отсто.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он