Утринава околу 8 часот по локално време на улиците на Ереван повторно излегоа колони опозициските активисти, упатувајќи се кон зградите на парламентот и претседателската канцеларија, јавуваат руските медиуми.
Опозициската колона е придружена од автомобили со музика од разглас, но и од полицијата која обезбедува коридор за демонстрантите.
Демонстрантите повторно бараат оставка од ерменскиот премиер Никола Пашинијан.
На траектоиријата на движење на поворката насекаде има специјалци со штитови и шлемови, но не преземаат никакви мерки.
Извор: МИА