Од Тирана во Италија екстрадирани осум опасни криминалци Албанци

Од:

Албанските власти преку аеродромот во Тирана екстрадираа осум свои државјани, барани по меѓународна потерница.

Станува збор за опасни криминалци, кои во Италија се осудени на затворски казни во траење од пет до 30 години, јави дописникот на МИА од Тирана.

Екстрадираните се на возраст од 28 до 57 годишна возраст а се осудени за тешки кривични дела: убиства, организиран криминал, простируција, шверц на дрога и слично.

По бегство од Италија, каде ги сториле кривичните дела, се засолниле во разни делови на Албанија, каде и се уапсени од полицијата во јануари и февруари годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески