Обвинители покренуваат истрага против „Фејсбук“ поради кршење антимонополски закони

Од:

Обвинители од неколку америукански држави покренуваат истрага за тоа дали „Фејсбук“ задушувал конкуренција и корисници изложувал на ризици, објави денеска државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

Истрагата ја води Џејмс, и во неа се вклучени и јавниот обвинител од Колорадо, Флорида, Ајова, Небраска, Северна Каролина, Охајо, Тенеси и округот Колумбија.

Дури и најголемиот социјален медиум во светот мора да го следи законот и да ги почитува потрошувачите, наведува Џејмс во изјавата.

– Горда сум што водам двопартиска коалиција на обхвинители во истрагата дали Фејсбук ја задушил конкуренцијата и ги става во опасност корисниците.

Во изјавата се вели дека истрагата ќе се фокусира на тоа дали „Фејсбук ги загрозува податоците на потрошувачите, го намалува квалитетот на изборот на потрошувачите или ја зголемува цената на рекламирањето“.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

Полицајци го тужат МВР – ги оставиле без осигурување цела година

Докторка кардиолог деградирана на пониско работно место бидејќи си ги барала парите што болницата и ги должи

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Русковска нема основа за тужба против партијата

Жарко Настоски