ОБСЕ: Зголемен бројот на интернет закани и навреди врз новинарките

Од:

Потребна е итна акција за спротивставување на се почестите интернет напади врз жените новинари, апелираше денеска претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ.

Истражувањата за вознемирување и насилство врз новинарки укажуваат дека повеќе од 25 отсто такви појави се случуваат на интернет.

Утврдено е и дека жените новинарки речиси трипати почесто се изложени на навредливи коментари на социјалната мрежа Твитер, отколку нивните машки колеги, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

За некои новинарки онлајн заканите со силување и сексуално насилство станале дел од секојдневниот живот, додека другите доживуваат тешко сексуално вознемирување и малтретирање.

– Најчесто станува збор за новинарки кои известуваат за криминал, политика и чувствителни и болни теми, како што се табуата и догмите во општеството. Со интернет нападите повеќе се настојува новинарките да се омаловажат како жени, отколку што се коментира содржината на новинарските текстови, нагласува Мијатовиќ.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов