ОБСЕ: Специјален статус за Доњецката и Луганската област

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска го објави планот од 12 точки за примена на примирјето во источниот дел на Украина, кој беше потпишан на 5 септември во Минск, и предвидува специјален статус за Доњецката и Луганската област.

Документот под наслов „Протокол за резултатите од консултациите на трилатералната Контакт група“, кој го потпишаа претставниците на Украина и на самопрогласените ДНР и ЛНР, содржи мерки кои треба да бидат преземени доколку прекинот на огнот во источниот дел на Украина би останал во сила.

– Да се децентрализира власта, меѓу другото со тоа што Украина ќе усвои закон за привремена процедура за локални власти во делови на Доњецката и Луганската област (закон за специјален статус), гласи една од одредбите во Протоколот.

Друга одредба предвидува одржување „привремени локални избори“ согласно признавањето на специјалниот статус на двете области.

– Официјален Киев мора да продолжи со „инклузивен сенационален дијалог“, се наведува во документот, кој ОБСЕ го објави утрово, засега само на руски јазик.

Планот од 12 точки, исто така, предвидува и амнестија за проруските сили во Донбас.

– Да се усвои закон кој забранува кривично гонење или казнување на лица во врска со настаните во одделни делови на областите Доњецк и Луганск, пропишува една од одредбите.

Истовремено, од Украина „треба да бидат повлечени сите нелегални воени формации, воената опрема, како и милитанти и платеници“.

Некои од останатите одредби предвидуваат меѓународните набљудувачи на ОБСЕ да го контролираат прекинот на огнот во Украина и на украинско-руската граница, ослободување на сите воени заробеници и отворање хуманитарни коридори.

Покрај тоа, на границата меѓу Украина и Русија, со помош на ОБСЕ, ќе биде воведена „безбедносна зона“, се додава во документот.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов