ОБСЕ: Повлечено голем дел од оружјето во источна Украина

Од:

Двете страни во конфликтот во источна Украина повлекоа голем дел од оружјето, но процесот не може веродостојно да се провери, изјавија набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), цитирани од ДПА.

Според податоците на заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Украина, Александар Хуг, во последната недела набљудувачите констатирале повлекување на тешкото вооружување од линијата на фронтот и намалување на прекршувањата на примирјето со употреба на такви орудија.

Според него, меѓутоа, набљудувачите се уште не можат категорично да го потврдат повлекувањето, откако ниту украинската армија, ниту проруските сепаратисти не дадоа вакви информации за бројот на орудијата и за нивната место положба.

Хуг истовремено подвлече дека шефот на мисијата, Ертугрул Апакан, пред еден месец ја побарал оваа информација, при склучувањето на спогодбата за прекин на огнот во Минск.

– Додека сите страни, потписнички на спогодбата, не ја дадат оваа информација, сите ќе останат сомничави едни кон други за намерите и нивната борбена способност, посочи тој.

Хуг додаде дека ситуацијата останува нестабилна, а прекршувањата на примирјето продолжуваат на стратегиски места, како аеродромот во Доњецк и градот Мариупољ.

– Оваа стабилност во моментов се држи на тенок мраз, изјави тој.

Постојаниот совет на ОБСЕ денеска на заседанието во Виена одлучи да се продолжи мандатот на набљудувачката мисија на организацијата во Украина до 31 март 2016 година. Според прифатениот документ, при посебни потреби нејзиниот состав може да се зголеми до 1.000 цивили, пренесе ТАСС.

На денешното заседание беше одлучено да се продолжи мисијата на ОБСЕ на руско-украинската граница до 23 јуни, но нејзиниот мандат нема да се проширува, а набљудувачите остануваат на двата гранични премиња „Доњецк“ и „Гуково“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17