ОБСЕ побара вклучување на Русија во Специјалната мисија во Украина

Од:

Органзиацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) побара вклучување на руски претставник во Специјалната набљудувачка мисија во Украина, изјави денеска портпаролот на Мисијата Мајкл Бочјуркив.

Рускиот амбасадор во ОБСЕ Андреј Келин во мај изјави дека Организацијата треба да го прошири своето присуство во Украина и покрај тоа што набљудувачката мисија е изложена на притисоци од властите во Киев.

Келин посочи дека Русија продолжува да и дава поддршка на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, бидејќи не гледа ниедна друга алтернатива за организацијата.

– Нема друга функционална меѓународна организација таму (во Украина). Ако се тргне ОБСЕ, кон кого тогаш да се свртиме. Невозможно е да се свретиме кон нелегалната власт во Киев, посочи Келин.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски