ОБСЕ ќе го зголеми бројот на набљудувачите во Украина до 500

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) до крајот на ноември двојно ќе го зголеми бројот на набљудувачите во Украина, со што нејзиниот тим ќе брои 500 лица, изјави раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во оваа земја, Ертугрол Апакан.

– Во моментов има околу 250 лица, а заедно со помошниот персонал, околу 300 лица. Планираме да го зголемиме бројот со уште 250 лица во следните два до два и пол месеци, рече Апакан.

Освен 500-те набљудувачи ќе има и околу 400 лица за логистичка поддршка.

Тој прецизираше дека тоа е неопходно за следење на почитувањето на примирјето.

– Освен тоа ОБСЕ планира најдоцна за четири недели да почна да користи беспилотни летала за набљудување на укрианската страна на границата со Русија, паралелно со патролите на копно, изјави Апакан и им се заблагодари на Франција и Германија, кои изразиле готовност да и достават таква техника на Организацијата.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов