ОБСЕ ги обвини сепратистите за неуспехот на мировните преговори

Од:

Делегацијата на проруските сепаратисти, на вчерашните неуспешни мировни преговори во Минск ги блокираше тие разговари и побара ревизија на претходниот мировен договор, склучен во септември минатата година, соопшти денеска ОБСЕ.

„Не беа подготвени за расправа за примена на прекинот на огнот и повлекување на тешкото вооружување. Наместо тоа, повикаа на ревизија на договорот од септември, кој меѓународната заедница го постави како темел за решавање на проблемите“, се наведува во соопштението на ОБСЕ, пренесува Хрватската радио-телевизија.

Претставници на организацијата се дел од Контакт групата, составена уште од претставници на Украина и Русија и учествуваат во преговорите за прекин на судирите во Источна Украина.

Неупехот на мировните преговори го зголемува стравувањето кај меѓународната заедница од интензивирање на судирите во Источна Украина, каде во последните 24 часа загинаа 19 лица.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов