ОБСЕ: Дури 70 отсто од жените во ЈИЕ биле жртви на насилство

Од:

Најновото истражување на ОБСЕ покажува дека 70 отсто жени во земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина доживеале некаков вид насилство.

ОБСЕ на конференција во Брисел ги презентира наодите од истражувањето за безбедноста на жените спроведено во 2018 година во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Косово.

– Околу 16 милиони жени на таа територија се погодени од некоков вид на насилство од својата 15-та година. Ова се неприфатливи факти, како од човечки аспект, така и од аспект на безбедноста и стабилноста, но и од економски и социјален статус на општеството, истакна генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.

Истражувањето на ОБСЕ укажува на фактот дека 60 отсто од 15.000 испитани жени биле психички злоставувани од партнерот, а 45 отсто од нив биле предмет на сексуално вознемирување.

– Постои потреба од акција во земјите на ЕУ и во земјите, кои сакаат да влезат во Унијата. Интересно е тоа што не постојат големи разлики во податоците добиени од ова истражување. Бројките се толку темни, што на секој политичар му е јасно дека нешто мора да се направи, посочи Гремингер.

Во регионот речиси две третини од жените сметаат дека насилството врз жените во нивното опкружување е „вообичаено”, а загрижувачки е што жените мислат дека самите треба да излезат на крај со насилството.

Од ОБСЕ наведуваат дека очекуваат дека врз основа на резултатите од нивното истражување политичките структури во земјите, да преземаат неопходни акции во вид на донесување соодветни закони, кои ќе ги штитат жените од насилство, како и со обука на полицијата и судството, но и преку едукација и подигнување на свеста на жените за нивните права.

 

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија