ОБСЕ: Човековите права на мигрантите не се почитуваат секогаш

Од:

Претседавачот со aд хок комитетот за миграција и потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ Кристијан Вигенин денеска повика на подобрување на меѓународната соработка на полето на миграцијата, како и на воспоставување рамнотежа меѓу сувереното право на државите да ги заштитат своите национални граници и почитување на човечки живот.

– Во многу области во регионот на ОБСЕ, децата, жените и мажите се селат напред-назад преку границите, со целосно непочитување на нивните основни човекови права, рече Вигенин во изјавата пред утрешниот Меѓународен ден на мигрантите.

Вигенин констатира зголемување на тешкотиите во собирањето веродостојни податоци за време на пандемијата на Ковид-19 и ја истакна одговорноста на парламентарците во борбата против растечката антиимигрантска реторика.

Тој, исто така, предупреди на дезинформации насочени кон самите мигранти од страна на шверцери, трговци со луѓе и други кои сакаат да заработат пари од илегалната миграција.

– Здравствената криза не треба да се користи за постигнување ксенофобична агенда. Од почетокот на пандемијата, видовме зголемување на антиимигрантската реторика. Сите ние мора да дадеме свој придонес и да се спротивставиме на таквите дезинформации каде и да ги забележиме, рече Вигенин, соопшти ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти