Објавени податоци за милиони корисници на „Ешли Медисон“

Од:

Објавени податоците за милиони корисници на специјализираната страница за запознавање и дружење на луѓе во брак „Ешли Медисон“, што беше хакиран од групата „Импакт Тим“.

Хакерите објавија информации за идентитетот на 37 милиони корисници на страницата за љубовни афери од цел свет. Информациите содржат милиони електронски адреси, телефонски броеви, како и сметки за плаќање на услуги.

– Податоците делуваат автентични. Содржат имиња на корисници, нивните шифри, броеви на кредитни картички и уште многу други информации, изјави Дејв Кенеди од агенцијата за онлајн безбедност „ТрастедСек“ и додаде дека тоа може да предизвика катастрофални последици за корисниците на оваа страница.

Според Кенеди, околу 15.000 корисници дале податоци поврзани со американската влада и војска. Страницата „Ешли Медисон“, чиј слоган е „Животот е краток, имајте афера“ има повеќе од 37 милиони корисници од 46 земји. Таа е формирана во 2001 година и е специјализирана за вонбрачни врски.

Околу 15.000 корисници се регистрирани со мејлови со кратенка .гов и .мил, што се официјални домени на американската војска и влада. Меѓу институциите погодени со скандалот се и универзитетите Харвард и Јејл, како и Ватикан и ОН. Некои од корисниците се вработени во големи компании како „Боинг“, „Џеј Пи Морган“, „Бенк оф Америка“ и „Сони“.

На помалку користен интерент север објавени е документ со име „Времето истече“, а автор е групата што се претставува како „Импакт Тим“, чија намера била да ги откријат сите прељубници на светот.

Страницата „Ешли Медисон“, што е позната и како „Гугл за изневерување“, објави соопштение во кое хакерскиот напад го оцени како „криминален акт“, а целиот случај е предаен на ФБИ.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас