Објавени нови тајни документи на НСА

Од:

Голем број тајни документи на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден ќе станат „отворена книга“ за новинарите и организациите, кои сакаат да соработуваат со новинарската организација, која ја држи архивата.

Сајтот Интерсепт, кој го покрена новинарот Глен Гринвлад, упати повик до новинарите да работат со нив и целосно да ја истражат архивата на Сноуден.

Интерсепт исто така објави десетици документи на НСА, меѓу кои и оние кои се однесуваат на методите на испитување затвореници во Гвантанамо.

Се наведува дека НСА имала лице за врски, кое било одговорно за одржување секојдневен контакт со оние, кои ги испитувале затворениците, за да ги процени и искористи нивните информации.

Гринвалд бил дел од тимот, кој прв го интервјуирал Сноуден во 2013 година.

– Од почетокот имавме став да соработуваме со странски и други американски медиуми, а не целиот материјал да го задржиме само за себе. рече Гринвалд.

Тој додаде дека Интерсепт ги подеилил документи со дваесетина медиуми и новинарски тимови од повеќе земји, меѓу кои и со „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“, „Пропаблик“ и „Гардијан“.

Како што е договорено со Сноуден, новинарите кои ќе известуваат за овие документи ќе мораат да се согласат на одредени правила

– Има многу документи, кои се од јавен интерес и кои можат и треба да бидат објавени. Постојат и документи во архивата за кои сметаме дека не треба да бидат објавени, бидејќи можат да им нанесат голема штета на невини луѓе, додаде Гринвалд.

Тој нагласи дека Интерсепт веќе почнал на француски „Монд“ и на други медиуми да им дава дел од архивата.

Би можело да ве интересира

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА

Ана Ололовска

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Ана Ололовска

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Ана Ололовска

Трамп го номинираше генерал Пол Накасоне за директор на НСА

Ана Ололовска

„Вашингтон пост“: НСА останува без кадар

Наум Локоски

Директорите на ФБИ и НСА ќе сведочат за евентуалните врски на Трамп со Русија

Ана Ололовска