Претседателот на Труција Реџеп Таип Ердоган кој е во посета на регионот погоден од разорниот земјотрес рече дека бројот на загинати во Турција се искачи на 8.574, со што вкупниот број на загинати достигна повеќе од 11.000.
#BREAKING Death toll from Monday's powerful earthquakes in southern Türkiye rises to 8,574, President Erdogan says pic.twitter.com/H42O81CxVS
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 8, 2023
Тешко е да се потврди билансот во Сирија, но државните медиуми и спасувачката група велат дека загинале околу 2.500 луѓе. Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека бројот на загинати би можел да се искачи на 20 илјади.
Во меѓувреме тлото не престанува да се тресе, регистриран е нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Неговиот епицентар е на 34 километри од Газиантеп, а е регистриран на длабочина од 5 километри. Земјотресот се случил во 13:26 часот по локално време.