Објавена тревога на аеродромот во Мадрид поради заканувачка порака во авион

Од:

Аеродромските власти во Мадрид објавија тревога по барање на капетан на авион на саудиската авиокомпанија „Сауди Ерлајнс“, кој требало да полета кон Ријад.

– Општата тревога значи дека безбедносните сили и спасувачките служби се мобилизирани. Авионот е изолиран, а патниците се евакуирани, изјави портпарол на аеродромот Барахас во Мадрид.

Шпанскиот авио оператор „Аена“ потврди дека постоела закана на летот SVA226.

Според наводите на полицијата, тревогата на аеродромот е прогласена откако е пронајдена порака, која со нож била закачена на ѕидот од тоалетот на авионот и на која на англиски јазик пишувало; „закана од бомба“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски