Објавен нацрт-законот за нов референдум за независна Шкотска

Од:

Шкотската влада го објави денеска нацрт-законот за организирање втор референдум за независност.

Според владата во Единбург, тоа автоматски не значи дека во Шкотска, одново, ќе се гласа за останување, или за напуштање на Унијата со Англија, стара повеќе од 300 години, но тоа значи дека референдум за отцепување ќе има ако тоа биде потребно, за да се заштитат националните интереси, загрозени со изгласаниот Брегзит.

На референдумот од 23 јуни, мнозинството Британци се определија за напуштање на ЕУ, но во Шкотска големо мнозинство од 68 отсто од шкотските гласачи, се определија против Брегзит, а други 38 беа за излегување од ЕУ.

Првиот министер на Шкотска Никола Старџен, лидер на Шкотската национална партија (СНП) изјави денеска дека презентираниот нацрт-закон е создаден за да земјата биде подготвена за еден нов референдум, уште пред Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Промоцијата на нацрт- законот што во Единбург беше најавен уште по изгласаниот Брегзит, предизвика осуда во Лондон, како и кај шкотските конзервативци кои остро се противат на ново гласање.

Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека не верува оти постои мандат за втор референдум за независност.

Ако шкотската влада се определи за референдумско изјаснување, тогаш Парламентот во Единбург ќе мра да ја потврди одлуката на владата на Старџен.

Во Парламентот, СНП и партијата на Зелените кои заговараат отцепување, имаат недоволно мнозинство за усвојување на одлука за гласање на референдум.

За тоа ќе бидат потребни и гласовите на пратеници од другите партии.

На референдумот од 16 септември 2014 година, 55 отсто од Шкотланѓаните беа за останување во Обединетото Кралство, а 45 беа за отцепување.

Со сегашниот нацрт- закон, предвидено е да се задржи истото референдумско прашање, со можност тоа да биде дополнето. Предвидено е право на глас да имаат и млади од 16 и 17 гоини, како државјани во ЕУ кои живеат во Шкотска.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски