Oбилни снежни врнежи во јужниот и источниот дел на Полска

Од:

Обилни снежни врнежи ги зафатија денеска јужните и источните делови на Полска, предизвикувајќи големи проблеми во сообраќајот.

За само неколку часа голема снежна покривка ги прекри градовите Краков, Лублин и Жепув. Локалните комунални служби соопштија дека досега немало таков случај, само за еден час да падне снег со дебелина од 15 до 20 сантиметри, пренесува Танјуг.

На патниот правец меѓу Краков и планинското одморалиште Закопане има големи застои, а времено е запрен сообраќајот за товарни возила кон границата со Словачка.

Тешките временски услови предизвикаа голем број сообраќајни несреќи. На автопатот А4, во близина на градот Тарнув, автобус со 55 патници излета од патот и се преврете, по што спасувачките екипи беа принудени да ги вадат патниците низ прозорците.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери повредени во напад со нож во средно училиште во Полска

Паркиран автомобил во Полска ја попречуваше поправката на улицата, па го забетонираа

Предраг Петровиќ

Полска ќе добие нова влада, покажуваат првите резултати од излезните анкети

(ВИДЕО) Голем протест против властите во Варшава, дојдоа милион луѓе

Горан Наумовски

Злосторство во Полска: Пронајдени тела на три бебиња, мајката осомничена за убиство и инцест

Горан Наумовски

Сантос се уште не знае дали ќе остане селектор на Полска

Горан Наумовски