Обесени двајца Иранци за шпионажа во корист на Израел и САД

Од:

Иранското државно радио соопшти дека се егзекутирани двајца Иранци, осудени за шпионажа во корист на Израел и САД, пренесоа американските медиуми.

Смртните казни се извршени со бесење. Мохамад Хејдари е осуден за тоа дека за пари му предал класифицирана информација на израелското разузнавање Мосад, а Корош Ахмад за предавање на разузнавачки податоци за Иран на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).

Иран редовно соопштува дека фатил лица, обвинети за шпионажа во корист на САД, Велика Британија и Израел.

Техеран ги обвинува израелските и американските разузнавачки служби дека стојат зад атентатите, извршени во последните години врз ирански научници, кои се занимаваат со нуклеарни истражувања.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел