Северна Кореја самата одлучила да биде слаба држава, аутсајдер, чија затворена и милитаризирана граница со Јужна Кореја ја дели од слободата, изјави американскиот претседател Барак Обама во обраќање пред американските војници во Јужна Кореја.
– Разликата меѓу двете земји е тоа што едната е држава демократија која има голема самодоверба а другата е аутсајдер, која го осудува својот народ на глад, наместо да ги исполни неговите надежи, нагласи Обама.
Американскиот претседател, кој беше во официјална посета на Република Кореја изјави дека Северна Кореја ќе се изложи себе си на уште поголема изолација од меѓународната заедница, доколку изврши уште една нуклеарна проба.
Во пресрет на најавите за извршување на четврта нуклеарна проба од страна на Пјонгјанг, Обама и претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хе ја предупредија Северна Кореја да се воздржува од провокативни чекори.
– Задолженијата на САД за гарантирање на безбедноста на Република Кореја пред лицето на агресијата ќе станат уште поцврсти. Ние без двоумење ќе ја искористиме нашата воена моќ за да ги заштитиме нашите сојузници и нашиот начин на живот, нагласи Обама.
Подоцна денеска Обама пристигнува во официјалн посета на Малезија, од каде ќе замине за Филипините.