Обама: САД ќе ги напуштат преговори со Иран ако нема договор кој може да се провери

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД се подготвени да ги напуштат преговорите за иранската нуклеарна програма доколку не биде можно со Техеран да се постигне договор кој може да се провери.

– Ако нема договор, ќе ги напуштиме преговорите, рече Обама во денешното интервју за Си-Би-Ес.

Вчера, американскиот државен секретар Џон Кери беше во Париз за да ги „испегла“ несогласувањата со Франција, која инсистира на поголеми гаранции дека договорот ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

Обама потенцира дека преговорите добиваат на итност поради тоа што се преговара повеќе од една година.

– Добра вест е дека Иран за време на овој период се придржува на условите од привремената спогодба. Знаеме што се случува на терен во иран. Тие не ја унапредија својата нуклеарна програма, така што со овие преговори не губиме ништо. Од друга страна, во преговорите човек доаѓа до точка кога веќе не се во прашање технички проблеми туку политичка волја.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас