Обама предупреди дека ќе стави вето на нови санкции кон Иран

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе стави вето на секој обид за воведување на нови санкции кон Иран додека траат преговорите за техеранската нуклеарна програма.

– Новите санкции, изгласани од Конгресот, во овој момент, единствено ќе гарантираат неуспех на дипломатијата, ќе ја дистанцираат Америка од сојузниците и ќе ја отежнат поддршката на санкциите и ќе гарантираат обнова на иранската нуклеарна програма. Првпат по децении го запревме напредувањето на нуклеарната програма и ги намаливме резервите со нуклеарен материјал, посочи Обама.

Тој истакна дека има шанси до пролет да се постигне конечен договор со кој ќе се спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје, што ќе гарантира безбедност на САД и сојузниците, вклучително и на Израел, а со тоа ќе се избегне нов конфликт на Блискиот Исток.

– Нема никакви гаранции дека преговорите ќе завршат со успех. Но, нови санкции сигурно ќе ги потткопаат дипломатските напори. Тоа нема смисла и затоа ќе ставам вето, предупреди Обама.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас