Обама пратил тајна порака до иранските лидери

Од:

Американскиот претседател Барак Обама испратил тајна порака до иранските власти неколку дена пред продолжувањето на преговорите во Виена за иранската нуклеарна програма, соопшти иранскиот пратеник Мехрдад Базерпаш, пренесува ТАСС.

Според иранскиот дневен весник „Хамшахри“ пораката била предадена на иранската страна преку лидерот на една соседна земја на Иран, што неодамна го посетил Техеран.

Најверојатно станува збор за ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, кој го посети Иран на 17 јуни, а претходно учествуваше на средбата на Г-7 во Германија, каде имаше средба со Барак Обама.

Весникот наведува дека информацијата за пораката на американскиот претседател се појавила неколку дена по средбата на лидерот на Исламската република ајатолах Хамнеи со претставници на раководството на земјата на 23 јуни, на која беше отворен патот на преговорите.

Еден од најпочитуваните луѓе во регионот пристигна во Иран и се сретна со мене. Тој рече дека американскиот претседател побарал од него да помогне. Претседателот на САД изјавил дека сака да се реши проблемот со иранската нуклеарна програма и дека се подготвени да се согласат за повлеување на санкциите, изјавил Хамнеи, пренесува весникот „Хамшахри“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас