Обама повика за намалување на тензиите меѓу Турција и Русија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама повика за намалување на тензиите меѓу Турција и Русија по соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на Турција.

Обама денеска во Париз се сретна со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Американскиот претседател истакна дека Турција е сојузник во НАТО и има право да се заштити. Тој нагласи дека САД се заинтересирани за зајакнување на воените односи со Турција.

Обама потенцира дека групата Исламска држава (ИД) е заеднички непријател и побара од Турција и Русија да се здружат против оваа закана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени