Обама одбил состанок со израелскиот премиер Нетанјаху?

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама  нема да се сретне  со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху, за време на неговата куќа во Њујорк. Белата куќа, по излезените информации.  демантираше дека американскиот претседател Барак Обама го одбил состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при неговата посета на САД, но  потврди дека средба сепак нема да има, поради спротивните распореди на двајцата државници.

Во односните меѓу Израел и САД се јавија тензии во врска со иранската нуклеарна програма, а еден неименуван израелски фунцкионер изјави дека помошниците на премиерот Бенјамин Нетанјаху побарале состанок со американскиот претседател Барак Обама за време на престојот на израелскиот челник на САД, кој ќе допатува во Њујорк поради Генералното собрание на обединиетите нации кон крајот на септември, но дека Белата куќа ја одбила средбата.

Од Белата куќа велат дека во прашање се само различните распореди на обврските. Обама ќе одржи говор на Генералното собрание на 25-ти септември, а Нетанјаху на 28-ми септември.

„Тие едноставно не се во градот во исто време”, изјави портпаролот на Белата куќа, Томи Виетор. Тој додаде дека Обама и Нетанјаху се во „чест контакт”, како и дека израелскиот премиер при посетата на САД ќе се сретне со државната секретарка Хилари Клинтон.

Ројтерс оценува дека се работи за одбивање, поради се поострите барања од израелскиот премиер, САД да завземат поостар став према Иран. Ова ќе биде дополнителен притисок врз Обама во финишот на предизборната кампања.

Републиканскиот кандидат Мит Ромни,  го обвини Обама дека е премногу строг према Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот на прес-конференција во Ерусалим изјави дека Вашингтон го загубил моралното право да го спречува Израел во преземањето мерки против иранската нуклеарна програма, бидејќи одбил да заземе поцврсти ставови кон Техеран.

Нетанјаху се нафрли врз американската администрација затоа што го одби неговото барање на Иран да му се одредат конкретни рокови коишто мора да ги испочитува.

„Светот на Израел му порачува – Застанете, има уште време. А јас прашувам: Што да чекаме? До кога да чекаме?”, рече меѓудругото Нетанјаху во изјавата по којашто можниот израелски напад врз Иран се чини пореален.

Интернет изданието на влијателниот израелски дневен весник Haaretz оценува дека Нетанјаху „ја нападнал американската влада на начин без преседан”.

Нетанјаху во Израел се соочува со голем отпор на неговата идеја Израел сам да го нападне Иран, а испитувањата на јавното мнение покажуваат дека повеќето Израелци не сакаат нивната амрија да го нападне Иран без поддршка од САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег