Обама му порача на Нетанјаху дека моментален прекин на огнот е стратешки императив

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача дека моментален и безусловен прекин на огнот во палестинската енклава Појасот Газа претставува „стратешки императив“.

„Потпирајќи се на напорите на (државниот секретар Џон) Кери, претседателот (Барак Обама) јасно формулираше дека стратешки императив е воспоставувањето моментален и безусловен хуманитарен прекин на огнот кој веднаш ќе ги сопре судирите и ќе овозможи трајно прекинување на непријателствата“, соопшти Белата куќа во неделата навечер.

Американскиот претседател, исто така, рекол дека решението на израелско-палестинскиот судир мора да осигури разоружување на милитантните групации и демилитаризација на Појасот Газа.

Претходно во неделата американскиот државен секретар Џон Кери, преку своите соработници соопшти дека ги продолжува контактите со владата на Израел и со претставниците на палестинското исламистичко движење Хамас кое од 2007 година ја контролира Газа, со цел да постигне ново примирје поради организирање преговори со посредство на Египет.

Кери во неделата се врати во Вашингтон по седумдневното патешествие на Блискиот исток и Париз, во текот на кое не успеа да постигне трајно примирје меѓу Израел и Хамас.

Меѓутоа Кери ќе се обиде да издејствува серија привремени прекини на огнот кои би можеле да им претходат на израелско-палестински преговори кои би се одржале во Египет, со цел да се постине траен договор, изјави за AFP неименуван американски функционер. „Има начин да се запре крвопролевањето“, истакнал функционерот за кого е наведено само дека бил во придружбата на Кери на споменатите патувања.

Израел во петокот го одби предлогот за трајно примирје, со образложение дека мора да продолжи со уништување на подземните тунели коишто ги користи Хамас за да ги уфрла своите борци на израелска територија каде ја напаѓаат војска.

Кери во саботата во Париз, покрај со колегите од Франција, Италија и Велика Британија, се сретна и со претставниците на Катар и на Турција, двете земји коишто го поддржуваат Хамас, движење кое САД и ЕУ ја ставија на листата терористички организации. Американскиот функционер ја истакнал корисноста од ваквите средби кои во Израел поттикнаа остри критики. Оценил дека повиците од Катар и од Турција на примирје самите посебе претставуваат важен чекор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он