Обама ќе раководи со новата политика кон злоупотребата на огненото оружје

Од:

Претседателот на САД Барак Обама денеска ќе соопшти дека вицепретседателот Џо Бајден ќе раководи со напорите за формулирање на политиката што адекватно ќе одговори на насилството со користење на огнено оружје, соопштија помошници на Обама.

Не се очекува Обама да соопшти конкретни политички одлуки, туку тој само ќе го презентира процесот преку кој неговата администрација ќе го придвижува проблемот, прецизираа претставниците на Белата куќа.

Бајден ќе дејствува како координатор меѓу владините агенции со крајна цел формулирање на политиката, особено по пукањето во Њутаун, во државата Конектикат, во која во основното училиште беа убиени 26 лица, вклучувајќи и 20 деца.

Масакрот во Конектикат беше четвртиот случај на несфатливо пукање само оваа година, во кои имаше мноштво невини жртви.

Обама и претходно на Бајден му имаше доверено важна улога и во други  важни политички иницијативи, како на пример напорите да се постигне компромис со републиканците во Конгресот за кастрење на буџетскиот дефицит во 2011 година.

Обама веќе ја поддржа иницијативата на сенаторот демократ Дајан Фајнстејн за враќање на забраната за поседување автоматско огнено оружје.

Според портпаролот на Белата куќа Џеј Карни претседателот ќе го поддржи и секој закон за затворање на „вратничките“ во режимот за продажба на оружје.

Контролата врз огнените оружја не беше првостепена грижа за повеќето американски политичари заради огромната популарност на правото да се носи оружје (гарантирано од Уставот) меѓу населението и опструкциите на Националната асоцијација на иматели на огнени оружја – моќното лоби на вооружената индустрија, потсетуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски