Американскиот претседател Барак Обама денеска ја презеде целосната одговорност за американската антитерористичка операција во граничниот реон меѓу Пакистан и Авганистан, во која во јануари случајно загинаа Американец и Италијанец, кои Ал Каеда ги држела како заложници, пренесува Фена.
Во специјалната изјава на Белата куќа за овој случај, претседателот изрази длабоко жалење за смртта на Ворен Вајнстин и Џовани Ло Порто.
Според него, мисијата целосно била спроведена според правилата за изведување антитерористички мисии во овој регион. Тој додаде дека немало информација од самото место дека заложниците престојуваат во погодениот објект на Ал Каеда.