Обама ја обвини Русија за кршење на примирјето во Источна Украина

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска ја обвини Русија за обновувањето на судирите меѓу украинската армија и проруските сили во Источна Украина и најави дека САД ќе разгледаат дополнителни опции за зголемување на притисокот на Москва.

– Ќе продолжиме со досегашниот пристап, што подразбира зголемување на притисокот на Русија, изјави Обама на конференција за новинари во Њу Делхи.

Обама истакна дека ќе ги разгледа сите опции што се на располагање, освен воена конфронтрација, во обид за разрешување на ситуацијата.

Американскиот претседател нагласи дека САД се длабоко загрижени поради најновото кршење на примирјето од страна на проруските сили со руска поддршка, руска опрема, руско финансирање, руска обука и руска армија.

– Бев многу јасен дека нема да има точка за влез во воен конфликт со Русија за ова прашање. Но тоа што можеме да го направиме е да продолжиме со поддршка на Украина да ја контролира својата територија, истакна Обама.

Според Обама тоа подразбира комбинација на економски притисок на Русија преку санкции, обезбедување поддршка на Украина за одржување на својата економија, помагање на нејзината армија со основни резерви и опрема, како и обука и вежби со НАТО.

Москва остро ги отфла обвиненијата од Киев и Западот за испраќање на војска и оружје во Источна Украина. 

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Орце Костов

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ