Обама: Ирачките екстремисти се закана за регионот

Од:

Ирачките екстремисти кои насилно зазедоа територии во Ирак може да добијат на сила и да дестабилизираат други држави во регионот, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Во интервју за Си-Би-Ес, Обама рече дека ирачката јавност ја отфрла екстремистичката сунитска група Исламска држава во Ирак и Левантот, но таа група и понатаму претставува закана за САД.

Ситуацијата во Ирак нагло е заострена во почетокот на минатата недела кога сунитски екстремисти и лојални на нив формации од сунитски племиња и поранешни војници од времето на диктаторот Садам Хусеин почнаа офанзива на север во државата и презедоа контрола врз неколку градови.

– Ќе мора генерално да бидеме внимателни и будни. Моментно факт е дека таа група ја дестабилизира државата, а тоа би можело да се пренесе и во држави кои се наши сојузници како што е Јордан, изјави Обама.

– Сунитскиот бунт во Ирак и соседна Сирија е само една од низата закани со кои САД се соочени, додаде Обама нагласувајќи ги Боко Харам во Африка и групи поврзани со Ал Каеда во Јемен.

– Мора да имаме стратегија која во голема мерка е фокусирана и мора да обучуваме локални сили на редот и армијата за да завршат своја работа, наведе американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас