Обама и се извини на Полска за гафот

Од:

Претседателот на САД Барак Обама изразил жалење во писмото до полскиот претседател Бронислав Коморовски за јазичната грешка која ја направи во вторникот.

Во почетокот на неделата Барак Обама се изјасни погрешно, нарекувајќи нацистички концентрационен логор кој се користи за убиството на Евреите, како „полски логор на смртта”.

Гафот го направи за време на церемонијата во Белата куќа, на која беше врачена посмртно највисокото граѓанско признание во САД, претседателскиот медал на слободата, на Јан Карски, поранешен полски офицер, кој е еден од првите што раскажале за истребување на Евреите.

По тој повод Коморовски му испратил писмо на Обама со објаснување.

Државниот секретар во кабинетот на полскиот претседател изјави за полската новинска агенција дека Обама му се извинил на претседателот, велејќи дека направил грешка и дека немало „полски логори на смртта”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он