Обама и Меркел: За Сирија само политичко решение

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел изразија денеска загрижност поради неодамнешниот пораст на насилства во Сирија и се согласија дека трајното решение може да биде само политичко.

– Остануваме длабоко загрижени поради интензивирањата на борбите во Сирија во последните денови. И натаму мислиме дека е единствено вистинско решение кое би ја помрднало Сирија кон инклузивна влада на сите Сиријци, рече Обама на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Хановер.

Меркел истакна дека со загриженост забележува дека примирјето не се почитува.

Таа се согласи со Обама дека треба да се насочат сите сили за мировниот процес да доведе до успех.

Во врска со предлогот за безбедните зони кои би можеле да се воспостават во Сирија за заштита на цивилите, Обама рече дека за тоа се потребни копнени сили.

Меркел наведе дека не поддржува класични „безбедносни зони“ во Сирија, но истакна дека разговорите во Женева би можеле да го трасираат патот за хуманитарна област за бегалците.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер