Обама: Горд сум што Меркел ми е пријател

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ги пофали денеска лидерските квалитети на германскиот канцелар Ангела Меркел, а особено нејзината храброст во решавање на бегалската криза.

– Сметам дека канцеларката Меркел и голем број Германци покажаа храброст во бегалската криза, рече Обама во интервју за „Билд“ во пресрет на утрешната посета на Германија.

Тој изјави дека Германија не треба сама или со уште некоја земја да го носи товарот на кризата и оцени дека неодамнешниот договор меѓу ЕУ и Турција е чекор кон поправедна поделба на одговорноста.

Според него Меркел е заслужна за тоа што Германија сега има поголема улога на меѓународната сцена.

Претседателот на САД изјави дека Меркел е „чувар на Европа“ и ја опиша како „прагматична и фокусирана на она што може да се оствари“.

Напоменувајќи дека Меркел покажала квалитети на „вистински морален и политички лидер“, Обама нагласи дека ја смета за еден од своите најблиски партнери и пријатели, на што е особено горд.

– Кога таа нешто ќе каже тоа навистина и го мисли. Кога ќе каже дека нешто ќе направи, таа тоа го прави. Јас имам доверба во неа, рече Обама.

Американскиот претседател утре заедно со Меркел ќе го отвори индустрискиот саем во Хановер, а во понеделник во рамки на мини самитот ќе се состане со германскиот канцелар, британскиот и италијанскиот премиер, Дејвид Камерон и Матео Ренци и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште