Американскиот претседател Барак Обама во неделата формално го информира Конгресот на САД дека дал дозвола за ограничени воздушни напади во Ирак, со цел да се помогне на безбедносните сили во земјата во борбите против исламистичката организација Исламска држава.
Според Кејтин Хајден, портпаролка на американскиот Национален совет за безбедност, со овие напади не е прекршена резолуцијата од 1973 година, со која се бара одобрение од Конгресот пред претседателот на почне војна.
Повеќе американски претседатели по донесувањето на оваа резолуција во неколку ситуации самостојно иницирале воени напади и копнени инвазии, повикувајќи се на уставното право како врховни команданти на армијата на САД.
САД на 15 август почнаа ограничени воздушни напади на барање на ирачките власти.