Обама ги продолжи за една година санкциите кон Иран

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година политичките и економските снакции против Иран, соопшти Белата куќа.

Во согласност со американските закони претседателот за оваа одлука ги извести лидерите на Конгресот.

Во писмото испратено до раководството на Сенатот и на Претставничкиот дом се посочува дека претседател го продолжува за уште една година режимот на вонредна состојба во однос на Иран, воспоставен пред 20 години, во март 1995 година. Указот потпишан од тогашниот 42. претседател на САД Бил Клинтон предвидува воведување серија санкции против Иран.

Едностраните американски санкции беа дополнети од меѓународни, вклучувајќи ги и оние кои ги усвои Советот за безбедност на Обединетите нации поради нарушувањето на Техеран на неговите обврски во областа на неширење нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас