Обама бара сеопфатна ревизија на политиката за ослободување заложници

Од:

Американскиот претседател Барак Обама нареди сеопфатна ревизија на политиката на администрацијата поврзана за вложување напори да се ослободат Американци киднапирани од екстремистички групи во странство, соопшти Белата куќа.

Обама побарал од релевантните служби и агенции, меѓу кои МО, ФБИ и разузваначки агенции, да извршат сеопфатна ревизија на начинот на кој американската власт се занимава со тоа прашање.

Администрацијата не можеше да ги наведе сите чекори преземени да се ослободат киднапираните, но портпаролот на Националниот совет за безбедност Алистер Беки рече дека Вашингтон ќе продолжи да вложува потребни воени, разузнавачки, полициски и дипломатски напори за откривање киднапирани американски лица.

Во изминатите неколку месеци екстремисти од ИД убија тројца Американци, вклучително и полседниот случај на Питер Касиг чие сурово погубување во неделата беше објавено на видео снимка на таа група.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува