Обама: Американските програми за следење на Интернет се строго контролирани од трите власти во САД

Од:

Претседателот на САД Барак Обама се обидува да ги смири бурните реакции од откривањето на тајните програми на американското разузнавање за електронско следење, подвлекувајќи дека тие се строго контролирани од извршната, законодавната и судската власт, пренесоа француските медиуми.

– Конгресот прави надзор, судовите го извршуваат надзорот, изјави Обама во интервјуза емисијата на Чарли Роуз на јавната телевизија ПБС.

Тој, меѓутоа, призна дека откритието може да предизвика разбирлива тревога кај Американците и изјави дека на соодветните надлежни лица им наредил да лиферуваат максимум информации за прашањето „без дополнително да откриваат тајни за програмите“.

Поранешнииот консултант на Агенцијата за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден го откри постоењето на две тајни програми – едната што од 2006 година собира податоци од телефонските разговори, а втората со кодно име „Призма“ што пресретнува комуникации на странски корисници на Интернет надвор од територијата на САД на големите социјални мрежи.

Обама, исто така, ги отфрли обвиненијата дека ја продолжува политиката на неговиот претходник Џорџ Вокер Буш и неговиот вицепретседател Дик Чејни.

– Некои луѓе велат „предтходно Обама беше непоправлив левичар, а сега станал како Дик Чејни“. Мојата прва грижа, меѓутоа, секогаш не беше дека не треба да собираме информация за превенција на тероризмот, туку повеќе дека треба да создадеме систем со потребните предпазливи бариери, рече Обама.

Тој, исто така, прецизира дека независна комисија ќе го разгледа функционирањето на овие програми.

– Формирав комисија за граѓанските слободи и личните податоци, составена од независни граѓани, вклучувајќи и активни либертаријанци. Ќе се сретнам со нив. Сакам да формирам структура и да почнам дебата на национално ниво, не само за овие две програми, туку и за поопштиот проблем со купиштата од податоци, затоа што тоа не ги загрижува само владините органи, рече тој.

– Ако сте Американец, НСА не ги слуша вашите телефонски разговори и не ги следи вашите лични мејлови, освен ако нема судска наредба тоа да се прави. Тоа се актуелните правила, изјави Обама во интервјуто, што беше дадено во неделата, пред да замине на средбата на врвот на Г-8 во Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас