ОАЕ обновува учество во коалицијата против Исламска држава

Од:

Се очекува Обединетите Арапски Емирати во следните денови да го обноват учеството во воздушните удари на меѓународната коалиција против терористичката група Исламска држава . Тоа го тврди американски претставник кој даде изјава во Минхен по средба на државниот секретар на САД Џон Кери и претставници на Советот за соработка во Заливот.

ОАЕ прекинаа со учество во воздушните удари за да протестираат против киднапирањето на јорданскиот воен пилот Муас ал Касасбех кој подоцна беше жив запален од џихадистите.

ОАЕ потврдиле ангажирање кон коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистите кои имаат заземено големи реони во Ирак и во Сирија.

Друг американски претставник смета дека убиството на јорданскиот пилот било „обединувачко за државите од Заливот во одлучноста да се борат против ИД“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ВИДЕО: Путин се сретна со шефот на Обединетите Арапски Емирати

Ана Ололовска

ОАЕ ќе испратат амбасадор во Иран, градат подобри односи

Ана Ололовска