ОАЕ ќе испратат специјални сили во Сирија за помош во борбата против ИД

Од:

Обединетите арапски емирати се согласија да испратат во Сирија специјални сили, кои ќе им помогнат на локалните сунити да го преземат градот Рака, кој се смета за бастион на Исламска држава, изјави денеска американскиот министер за одбрана Ештон Картер во Брисел по средбата со својот колега од ОАЕ.

Картер не прецизираше колку командоси од ОАЕ ќе заминат за Сирија.

Тој истакна дека тие ќе им помогнат на саудиските специјални сили да ги обучат локалните арапски сунити, кои имаат цел да го преземат Рака.

Картер додаде дека доколку спогодбата која беше постигната во Минхен за еднонеделно примирје во Сирија стапи во сила, тоа нема да значи прекин на операциите против ИД.

Според Картер, претставниците на ОАЕ ветиле дека ќе го обноват учеството на Емиратите во кампањата за воздушни напади врз ИД, откако вчера Саудиска Арабија му ги дала истите ветувања.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ВИДЕО: Путин се сретна со шефот на Обединетите Арапски Емирати

Ана Ололовска

ОАЕ ќе испратат амбасадор во Иран, градат подобри односи

Ана Ололовска