ОАЕ ќе испратат амбасадор во Иран, градат подобри односи

Од:

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвуваат да испратат амбасадор во Техеран за да ги обноват добрите односи со Иран, изјави денеска Анвар Гаргаш, советник на претседателот на земјата, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан.

Гаргаш додаде дека Абу Даби не ја поддржува политиката на конфликт со Иран.

Говорејќи пред новинарите во пресрет на посетата на Бин Зајед на Париз, Гаргаш изјави дека ОАЕ „нема да бидат дел од коалицијата против Иран, иако оценуваат дека активностите на Техеран во регионот не им помагаат на дипломатските напори“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа