Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ги продолжија воздушните напади врз позиции на Исламска држава.
– Авиони Ф-16 стационирани во база во Јордан утрово почнаа напади врз терористичката организација ИД, погодија цели и безбедно се вратија во базата, соопшти Армијата на ОАЕ.
Јордан и ОАЕ се дел од меѓународната коалиција предводена од САД, која од минатата година бомбардира позиции на ИД во Сирија и во Ирак.
Во соопштението на Армијата на ОАЕ не се наведуваат детали колку летала учествувале во нападите и каде се наоѓаат позициите кои биле нападнати.
Авиони на ОАЕ се распоредени во Јордан од неделата со цел да се интензивира борбата против џихадистите, кои погубија јордански пилот.