Нуланд: На Вашингтон му треба план за нови санкции кон Русија

Од:

Во случај на нови признаци на непријателски дејства од страна на Русија, на Вашингтон му треба план за нови санкции што ќе болат, изјави Викторија Нуланд, поранешен заменик на државниот секратар за Европа и Евроазија.

Таа на вчерашното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на тема „Спротивставување на оживеаната Русија“.

Нуланд повика да „се засили притисокот во воената сфера во делот на нуклеарното оружје, на кое Русија најмногу смета и инвестира огромни средства во разработка на хиперсонично и кибер оружје“.

Според неа, Русија го прекрши договорот за нераспространување на ракетите со мал и среден дострел и повика на распоредување на противракетна одбрана во Европа и засилување со „воени вежби на САД и НАТО во Балтичкото и Црното Море“.

– Во спротивставувањето на Русија фали лидерство, единство и постојаност во градењето на односите со Москва. Таа позиција на САД резулирта во двојби помеѓу сојузниците, изјави таа.

Повика да се засили притисокот врз Москва а во својство на „морков“ предложи изградба на „сериозен и стабилен дијалог со Москва“.

– Да се предложи укинување на санкциите и да се укаже дури и на перспектива за соработка, посочи Нуланд.

Таа оцени дека на Русија не треба да се гледа како „клет непријател… и да се провери колку Путин вистинска сака да се подобрат односите“. Според неа „САД најверојатно треба да се подготват за долга игра, која Путин ќе ја преживее“.

Нуланд предложи и да се разговара директно со руските граѓани, потенцирајќи оти „тие се уморни од она што власта го прави во Украина, во Сирија и од новите оружја“.

– Санкциите се тука и треба да сме свесни каков е приоритетот. Треба де се бориме против корумпираните руски олигарси блиски на Путин. Треба да се спречат нелегалните руски парични канали. Треба внимателно да се внесуваат санкции против енергетскиот сектор. Треба да се разработат најсилните ограничувачки мерки поврзани со Украина и изборите. Подгответе ги, изјави Даниел Фрид, кој во Стејт департментот беше одговорен за санкциите кон Русија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски