Нуланд: Блинкен и Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела, изјави заменичката-државен секретар на САД Викторија Нуланд.

Во интервју за Си-Би-Ес, таа рече дека Вашингтон гледа сигнали оти Москва е заинтересирана да зборува за американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции.

Во предлогот Русија, меѓу другото, побара од САД и НАТО да не ја прошируваат Алијансата на исток, вклучително и Украина, како и да не распоредуваат тешко вооружување, вклучително и нуклеарно оружје.

– Сакаме да ги решиме овие прашања преку дипломатија и контрола на оружјето, рече таа.

На прашањето дали има знаци на деескалација на ситуацијата од страна на Русија, Нуланд рече „напротив“ и тврди дека рускиот претседател Владимир Путин распоредил уште повеќе сили во близина на украинската граница откако САД повикаа на деескалација.

Блинкен пред неколку дена изјави дека очекува да разговара со Лавров веднаш откако Москва ќе го анализира одговорот на Вашингтон на предлогот за безбедносни гаранции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски